Наумовски: Финансиската и кадровската состојба во Уставниот суд е алармантна

Од:

Нема пари за нормално функционирање на Уставниот суд. Уставниот суд нема возило и возач, нема финансии за модернизирање на системот за информатичка технологија или за обуки на персоналот.

Ова влијае врз извршувањето на задачите и надлежностите.

Претседателот на Уставниот Суд, Бранко Наумоски, укажа дека финансиската и кадровската состојба во судот е алармантна и повеќе од загрижувачка.

Тој посочи дека во Судот, покрај судиите, има уште 16 вработени, во споредба со 35-те вработени до пред две-три години.

“Најважно е што во последните две години иако Судот го напуштиле или се пензионирале четворица вработени, неопходни за функционирањето на овој Суд, нивното место поради процедурата или финансиските средства кои треба да се одобрат, не се пополнети“, вели Наумоски.

Тој истакна дека со години буџетот на Судот е непроменет и изнесува 574.510 евра, а со ребалнасот на буџетот се намали за 7,46 отсто и изнесува 522.471 евра.

“Ако ги одвоиме средствата за плати, околу 75 отсто од вкупниот буџет, се доаѓа до бројка од 128.162 евра. Тоа се средствата со кои Судот мораше да ги извршува сите работи и активности, што е далеку под минимумот за нормално функционирање на институцијата“, вели Наумовски.

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on