Ласло Трочањи, поранешниот министер за правда во владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан е предложен за еврокомесар за проширување од страна на новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Европскиот Парламент допрва треба да ја потврди оваа номинација.
Урсула фон дер Лајен денеска ги презентираше своите предлози за новиот состав на Еврокомисијата. Кандидатите ќе бидат сослушани од страна на европратениците во наредните недели.
– Сакам Европската Комисијата да биде флексибилна, модерна, и вредна и која ќе биде посветена на Европа и ќе слуша што сакаат Европејците, нагласи Фон Дер Лајен. Таа додаде дека нејзин приоритет се комесари кои ќе ја посетата секој држава-членка во првата половина од мандатот.
Фон Дер Лајен ја предложи Бугарката Марија Габриел за еврокомесар за иновации и млади, Франс Тимерманс од Холандија за животна средина, Австриецот Јоханес Хан за Буџет и администрација, Дидие Рејндерс (Белгија) за правда, Стела Кириакидис (Кипар) ќе го води ресосрот здравство, Кадри Симсон (Естонија) ќе го предводи секторот за енергетика, Јута Урпилајнен (Финска) ќе биде еврокомесарка за меѓународни партнерства, Јута Урпилајнен (Финска) одбранбена и вселенска индустрија, Фил Хоган (Ирска) за трговија, Паоло Џентилони (Италија) – економија, Виргиниус Синкјавичјус (Литванија) за животна околина и океани, Никола Шмит (Луксембург) за пазар на трудот, Хелена Дали (Малта) за еднаквост, Јануш Војчеховски (Полска) за земјоделство, Елиза Фереира (Португалија) – кохезија и реформи, Рована Плумб (Романија) ќе го добие портфолиото Транспорт, Јанез Ленарчич (Словенија) за управување со кризи, Жилва Јохансон (Шведска) се очекува да биде еврокомесарка за внатрешни работи. Идни еврокомесари ќе бидат и Дубравка Шуица (Хрватска) за демографија и демократија, Вера Јурова (Чешка) – за транспарентност, Маргрете Вестагер (Данска) за дигитализација, Силви Гулар (Франција) за внатрешен пазар и индустрија, Маргаритис Схинас (Грција) за заштита на европскиот начин на живот,, Ласло Трочањи (Унгарија) – проширување и соседска политика, Валдис Домбровскис (Летонија) се очекува да биде избран за еврокомесар за финансиски услуги, Марош Шефчович (Словачка) за меѓуинституционални односи и надзор и Жозеп Борел (Шпанија), предложен претходно од ЕУ за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
Претстои списокот да биде објавен во Службениот весник на ЕУ. Со тоа процедурата преминува во Европскиот парламент, каде ќе се гласа за номинираните еврокомесари, кои би требало да стапат на должност на 1 ноември со мандат до 31 октомври 2024 година.