Филипче: Одлични резултати со вакцинацијата, колективниот имунитет е на сериозно високо ниво

Од:

Во однос на вакцинацијата имаме одлични резултати, како никогаш досега. Над 99 отсто е опфатот со вакцинација во Град Скопје, а над 95 отсто на територија на целата држава. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Поликлиниката Чаир.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче информира дека од изминатата недела има вкупно пет деца заболени од морбили, сите се невакцинирани. Четири од децата се од Скопје, а едно од Куманово.

Со оглед на овој голем опфат со вакцинација, како што рече, сметам дека веќе и колективниот имунитет е на сериозно високо ниво, многу повеќе и позначајно од тоа што беше на почетокот на оваа година. Изрази надеж дека во следниот период нема да има голем број на новозаболени, и покрај почетокот на новата учебна година и уписот во градинките.

– Огромен број од децата кои не беа вакцинирани, сега се вакцинирани, посочио Филипче.

Тој најави дека оваа недела ќе свикаат состанок Комисијата за заразни болести да ги анализира новите бројки и потоа ќе видат дали ќе се остане на истата или ќе се донесе нова препорака.

– Но, нема да се смени тоа што го бараме за упис, како во градинки, така и во основните училишта, рече Филипче.

Прашан и за групата родители кои најавија тужба до Управниот суд, Флипче потсети дека пред неколку месеци имале средба во Владата со луѓето кои се на страна на антивакцинацијата. На средбата присуствувале премиерот и со министрите за правда и за труд и социјална политика. Договориле стручна средба на која тие ќе поканат луѓе кои ги застапуваат антивакциналните ставови.

– До судот пред неколку месеци стигна барање за една времена мерка која им беше одбиена, рече Филипче.

На новинарско прашање дека неофицијално има родители кои успеваат невакцинирани деца да запишат во основните училишта, Филипче рече дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши контрола на терен, како на потврдите за вакцинација, така и на тоа дали се запишани деца без уреден вакцинален статус во училиштата.

– И врз основа на тоа секој ќе си преземе одговорност, потенцира Филипче.

Прашан до каде е тендерската постапка за Гинекологија во Чаир, Филипче информира дека таа е завршена и додаде оти пристигнале повеќе понуди. Сега е во фаза на евалуација, по што ќе следи електронска аукција. Очекува во следниот период, од недела до две, дека целосно ќе биде завршена.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска