По влезот на Хрватска во ЕУ околу 2.000 шпедитери ќе добијат откази

Од:

Првиот ден од јули, денот кога Хрватска ќе стане нова членка на ЕУ, за околу 2.000 вработени во шпедитерските фирми ќе биде „црн понеделник“, со оглед на фактот дека ќе останат без работа.

Со влезот на Хрватска во европската царинска унија, значително ќе се намали потребата за шпедитерски работи.

Со оглед на фактот дека повеќе од 60 отсто од надворешнотрговската размена на Хрватска се одвива со држави од ЕУ, по либерализацијата на граничниот и царинскиот систем, обемот на работа на домашните шпедитери ќе се намали и до 80 отсто, а работите на повеќето вработени во овој сектор ќе станат бескорисни.

Иако не постојат егзактни податоци, се претпоставува дека без работа во шпедитерскиот сектор можат да останат меѓу 50 и 80 отсто од вработените, што значи 2.000 нови откази во заглибената национална економија, пренесува хрватскиот портал Тпортал, повикувајќи се на пишувањето на весникот „Вечерњи лист“.

Отказите би можеле да почнат веќе од крајот на овој и почетокот на следниот месец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата

(ВИДЕО) Пентагон потврди: Хрватска од Америка го купува најмоќното оружје во својата историја