ВМРО-ДПМНЕ: Никој во Македонија не верува дека Заев не знаел за рекетот

Од:

„Нов ден, нов cкандал. Аферата рекет зема нови димензии кои имплицираат вмешаност на разузнавачките служби во рекетот и нивна злоупотреба за прибавување на милионски суми финансиска корист. Медиумите во Македонија изминатите денови пренесуваат дека македонски бизнисмен бил уценуван со компромитичарчки снимки кои потекнуваат од разузнавачките служби на Република Македонија.

Од бизнисменот преку Меѓународниот сојуз на Боки 13 биле изнудени стотици илјади евра, а компромитирачките материјали се наоѓале во телефонот на рекетарот.

Ова е уште еден доказ кој потврдува дека аферата „Рекет“ е најголемата криминална афера во историјата на Република Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Никој во Македонија не верува дека Зоран Заев не знаел за рекетот, дека истиот не се одвивал со негово аминување и дека тој не инволвиран во рекетирање на македонски бизнисмени, политичари, граѓани. Човекот кој е три пати амнестиран е главана на криминалниот октопод кој изнуди повеќе од 20 милиони евра. Катица Јанева, Боки 13, Кики Фрики и останатите се само пипците.

Русковска и Јовевски сакаат со апсње на неколкмина, да ја оневозможат истрагата која никако не смее да стигне до главата на октоподот. Ова не смее да се случи. правда во Македонија ќе има и секој се огрешил пред законот ќе одоговара.

Ќе одговараат и оние кои наместо да го гонат го амнестираат криминалот.

Правната држава не може да се врати се додека аболицираниот криминалец Заев и неговата криминална банда се на власт. Правда не може да има се додека правосудството отворено како пупка се наоѓа во рацете на Зоран Заев. Правда ќе има набрзо кога овие луѓе ќе си заминат од политичката сцена во Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит,

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски