И во Загреб се отвори голема дупка и се шири

Од:

Дупка се отвори изутрината во центарот на Загреб и таа е со длабочина од еден и пол метар со тенденција за натамошно ширење, соопшти хрватската полиција. За случајот се информирани надлежните служби, а на местото каде е отворена дупката е запрен сообраќајот.

Дупката е со димензии 100 на 120 сантиметри и со длабочина од 150 метри.

– Не ме чуди што токму тука се отвори дупка. Колку што јас знам тука минува цевка од гасоводен систем. Освен тоа оваа година паднаа 70 сантиметри снег, така што дошло до лизгање на земјиштето и површината попуштила. Тука живеам од 1956 година, а вакво нешто претходно никогаш не се случило изјави за Данас.хр, еден од жителите на тој дел на градот.

Вакви феномени во Хрватска претходно се забележани во Меѓумурје, Дрниш, Ловран, Имотски и Задар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Драма во Хрватска: Маж запали две куќи и повреди полицаец

Горан Наумовски

Драма во Загреб: Вооружен маж влезе во болница, за брзо време пристигна полицијата

(ВИДЕО) Пентагон потврди: Хрватска од Америка го купува најмоќното оружје во својата историја