(ВИДЕО) Шутаров: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за патриотизам бидејќи не го почитува Денот на независноста

Од:

„На големиот државен празник, Денот на независноста, ВМРО-ДПМНЕ не испрати делегација, не положи цвеќе пред почивалиштата на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски.

Со таквиот потег ВМРО-ДПМНЕ покажа непочит кон државата, кон националниот празник, минатото и двајцата први претседатели на државата.

Ништо не се менува во ВМРО ДПМНЕ, манифестира делби и на национален празник“, рече Гордан Шутаров, организационен секретар на СДММ.

„ВМРО-ДПМНЕ докажа дека ги интересира само одбрана на криминалот , осбрана на криминалците и тајкуните во сопствените редови.

Посветени на одбрана на криминалот, во ВМРО-ДПМНЕ очигледно немаат време да оддадат почит на 8 ми септември и претседателите Глигоров и Трајковски.

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за државност и патриотизам бидејќи не го почитува Денот на независноста, не ја почитува историјата и не ја почитува државата“, изјави Гордан Шутаров, организационен секретар на СДММ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците