Вестервеле против испораката на оружје на сириските бунтовници

Од:

Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле изјави дека Владата во Берлин е за мирно решение на сириската криза и повторно одби испорака на оружје на сириските бунтовници.

Тој укажа дека наместо тоа, шефовите на дипломатиите на ЕУ ја обликувале политиката на санкции, така што на сириската опозиција можат да и се испорачуваат на пример заштитни елеци или апарати за откривање мини.

– Ситуацијата во Сирија е ужасна. Германската Влада сака да придонесе кон тоа, наспроти сите тешкотии, Сирија да најде мирно решение, рече Вестервеле во интервју за „Тагеспигел“.

Тој советуваше сериозно да се земат предвид политичките иницијативи на ОН.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија