Британски пратеници подготвени правдата за Брегзит да ја бараат на суд

Од:

Британските пратеници, вклучително и конзервативците кои беа исклучени од владејачката партија, се подготвуваат да ја бараат правдата на суд. Тие ќе го сторат тоа доколку премиерот Борис Џонсон одбие да побара од Брисел да го продолжи рокот на Брегзит за три месеци, јавува Би-Би-Си.

Џонсон е обврзан со закон да спречи Брегзит без договор, закон – кој во текот на неделата беше усвоен во двата дома на британскиот парламент.

Пратениците рекоа дека формирале правен тим и се подготвени да одат на суд за да го принудат Џонсон да го почитува законот.

Британскиот премиер пред неколку дена рече дека повеќе би сакал да биде „мртов во ендек“ отколку да го одложи Брегзит. Тој верува дека единствено решение за решавање на кризата во Брегзит е одржување на општи избори на 15 октомври.

Опозицијата не ја поддржа оваа идеја, а за да бидат распишани избори, потребна е поддршка од две третини од британските пратеници.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно