(ВИДЕО) Николов до Филипче: Министре како одбравте четири центри за стерилизација?

Од:

„Продолжуваат деструктивните процеси во здравствениот систем. Стерилизацијата на хируршките инструменти е клучна алка во медицината. Играта со стерилизацијата може да чини човечки животи.

Тендерот за стерилизација е доделен, но никој нема никаква, ама баш никаква информација како мисли министерот за здравство, Венко Филипче да го спроведува јавното приватно партнерство во оваа клучна област од медицината.

Направија физибилити студија, но не ја објавија, ветија состанок со надлежните од фелата неколку месеци пред објавување на одлуката, но таков состанок не се одржа!“, рече Игор Николов, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во здравствените институции, замислете не е запознаен со начинот на кој што ќе се спроведува јавното приватно партнерство за стерилизацијата, а за вработените воопшто да не зборуваме.

Ништо не е познато ниту на јавноста. Толку беше од таа транспарентност! Донесоа сега и одбраа фирма која ќе ја спроведува стерилизацијата! А, ниту одлуката за донесување на стерилизација не е јавна!

Значи никој ништо не знае! Се поставуваат прашања, министре, како одбравте 4 центри за стерилизација? И тоа два во Скопје, а останатите да бидат во Охрид и Кавадарци? Битола и Штип имаат клинички болници, а центрите за стерилизација ќе бидат во Охрид и Кавадарци. Замислете Охрид ќе ја прави стерилизацијата на Битола, која е логиката да се транспортираат инструментите од Охрид во Битола?! Која е логиката да се транспортираат инструменти од Кавадарци во Штип?

Не се знае ни кога и како ќе стартува сето ова што вие го нарекувате јавно – приватно партнерство. И повторно прашања, кои што јавноста очекува одговор:

Прво, по која цена и како ќе се нудат услугите? По кој ќе се детерминира цената за стерилизација? Второ, кој ќе ја плаќа стерилизацијата на инструментите?
Трето, велите дека кадарот ќе го преземе приватен партнер, но треба да објасните под кои услови?

И ова се само дел од работите кои бараат одговор.

Излезете во јавноста, објаснете како ќе функционира ова! Не на мене туку на јавноста и требаат одговори, на граѓаните на кои што им е важна оваа процедура. Или излезете, или напуштете ја функцијата!

Трето нема!“, изјави Игор Николов, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски