(ВИДЕО) Жугиќ: Владата треба посериозно да се вклучи во гасењето на пожарите

Од:

„Пожарите стануваат сериозна закана за градот Скопје и населените места околу градот Скопје. Отсуствува посериозен и посеопфатен ангажман на надлежните институции во справувањето со ваквите катастрофални појави.

Практично пожарите директно и индиректно го загрозуваат здравјето на скопјани. Последниот пожар на Скопска Црна Гора кој остана нелокализиран неколку дена направи огромна штета за животната средина и беше со можни закани за последици врз здравјето и на локалното население. Граѓаните беа препуштени речиси сами да се справуваат со пожарите неколку дена. Тоа покажува неколку работи: дека се недоволни капацитетите на градската противпожарна заштита, дека Дирекцијата за справување недоволно се ангажира во справување со ваквите пожари и дека владата треба посериозно да се вклучи во гасењето на пожарите“, рече Јелена Жугиќ, Советник во Советот на Град Скопје.

„Скопска Црна Гора како и Водно се белите дробови на Скопје.

Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје предлагаме: При гаснење на посериозен и поголем пожар да се вклучи и Армијата на Република Македонија со своите ресурси; Градот Скопје и владата да извршат акција за пошумување на уништените зелени површини и дрва кои беа зафатени од пожарите на Скопска Црна Гора; За таа цел да се изврши пренамена на средствата кои владата ги дава за набавка на цветни аражмани кои беа во висина од над 700 илјади евра како и Градот Скопје да се откаже од набавка на службени возила за менаџментите на јавните претпријатија. Парите да се наменат исклучиво за разеленување на опожарените површини и доопремување на противпожарната градска служба.

Градот Скопје и градоначалникот Петре Шилегов да демонстрираат општествена одговорност за потребите на скопјани“, изјави Јелена Жугиќ, Советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ