Над 100 казни за возачи на мотори и автомобили во Скопје

Од:

При акциска контрола на полицијата, синоќа на подрачјето на Град Скопје за брзо возење санкционирани се 45 возачи на автомобили и 12 „моторџии“, а на двајца им се одземени моторите за натамошна постапка.

Како што соопшти МВР, вчера од 6 до 24 часот во акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, санкционирани се 45 возачи кои ја пречекориле брзината, а откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

-Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 6/7 септември 2019 година во времето од 18:30 до 1:30 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 12 возачи. Покрај тоа, задржани се два мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност. Откриени се 22 останати прекршоци за кои се издадени 11 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози