Републичкото обвинителство е подготвено да ги прифати предметите, а СЈО се уште се мисли дали ќе ги предаде бидејќи е проблематичен правниот основ за предавање на тие предмети. Мене ако ме прашате како професор по право мислам дека не можат да бидат предадени предметите и мислам дека дополнителчно ќе се искомплицираат работите со тоа што ќе им се даде дополнителен основ на одбрана и адвокатите да оспоруваат правната издржаност на оваа трансформација, вели Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев по денешните консултации по писмото на обвинителката Катица Јанева за префрлање на предметите од СЈО во ЈО.
Калајџиев смета дека министерката за правда разговара во име на СДСМ, а не како прв човек на министерството што според него ги става останатите учесници во незгодна ситуација, а тоа е да бидат советници на партијата на власт.
-Во дадената ситуација каде што минситерката разговара во име на политичка партија за судбината на СЈО со друга политичка партија, нашата улога е многу незгодна. Излегуваме како советници на една партија бидејќи немаме контакт со идеите и претавниците на ВМРО-ДПМНЕ. Излегуваме како консултанти кои би дале тежина на преставниците на СДСМ кои што прегоараат партиски а не како министерство за правда. Групата би требала да работи без партиски влијанија. Мојот предлог беше, кој најверојатно нема да помине, политичките партии да ја остават работната група да излезе со професионален концепт, а не амандмански на политичките партии. Од верзијата на работната група има многу малку останато. Јасно е дека е донесена одлука да згасне СЈО без да видиме која е вистинската причина за тоа. Тука не се изјаснува ниту меѓународната заедница. На состанокот имаше претставници од американската амбасада, имаше претставници и на СЈО сите излегоа низ задниот влез, треба и нив да се прашаат бидејќи се фактори. Не беше моја идеја да се формира СЈО, беше идеја на американската амбасада. Во кој момент сега се откажаа не знам, вели Калајџиев.
Според професорот во овој момент се прават обиди законот за обвинителство да биде донесен туку така со сосема друга позади, далеку од првичната идеја за продолжување на работата на СЈО. Тој исто така вели дека некој треба да одговара затоа што се уште не е избран нов специјален јавен обвинител.
-Не е идејата сега да се бутка законот за обвинителство како наслов, идејата беше со тој закон да се обезбеди СЈО на потрајна основа. Се откажаа од таа идеја, сега се оди кон носење на законот зад кој стои нешто сосема трето. Со право сите се збунети, правната фела и невладиниот сектор и тоа не е добро бидејќи по мене тој закон не треба да се носи набрзина. Треба да се продолжи законот за СЈО. Треба некој да одговара зошто не е избран обвинител бидејќи требаше да се избере уште пред неколку месеци. Најдобро е да се избере обвинител кој ќе ги продолжи предметите во рамки на законот за кој што постои согласност и пропишана процедура по која делува бидејќи трансформацијата на овој начин ќе ги искомплицира работите повеќе отколку што ќе придонесе да се завршат барем предметите за кои што се суди. Да не се има некаква скриена амнестија за спорните предмети од аспект на установста и законитоста на рокот по 18 месеци се ставаат на тенок лед и другите предмети.
-СЈО не треба да згасне затоа што тоа е симбол на владеење на правото. Политичарите треба да одговорат зошто до пред месец дена сите беа за СЈО, а сега не се. Дали е тоа инцидентот со Катица Јанева или нешто друго. Тоа е проблем што не треба да значи крај на СЈО бидејќи не излеговме на улица Катица Јанева да дојде, туку да има правна држава. Се додека главниот обвинител го бира политичка партија на власт, има потреба од независен орган што ќе биде коректор на политичката елита да не забегува бидејќи тие секогаш ќе си донесат обвинител кој ќе им даде гаранција да не ги гони, вели Калајџиев.