(ВИДЕО) Китев: ВМРО-ДПМНЕ останува кочничар на реформите и професионализацијата во МРТ и АВМУ

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Илија Димовски се уште свесно ја кочат постапката за избор на членови на Програмскиот совет на МРТ и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ и натаму останува главен кочничар на реформата и професионализацијата на МРТВ и АВМУ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидува да ги задржи своите кадри кои придонесоа за пад на довербата на публиката во јавниот сервис, а против кои во изминатиот период се отворени и кривични постапки поради вмешаност во коруптивни зделки и злоупотреби на позицијата.

Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и Димовски ведннаш да се откочи процесот на да се закаже седница на Комисијата за избори и именувања“, рече Бетиане Китев, пратеник на СДСМ.

„Мора да започне јавната и транспарентна постапка за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ.

Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми.

Слободата на медиумите за нас е врвен приоритет и ќе продолжиме посветено да ја обезбедуваме на сите нивоа.

Реформите мора да продолжат во интерес на државата, медиумите и граѓаните“, изјави Бетиане Китев, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ