Нема потврда дека Јанева доставила оставка

Од:

Во Советот на јавни обвинители не е пристигнат ниту имаат сигнали дека ќе пристигне допис за активирање на условната оставка од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што, како што објавија, некои медиуми вчера го доставила од затворот Скопје, каде е во притвор за предметот „Рекет“.

– Се уште не е пристигнат допис. Доколку пристигне јавноста ќе биде известена, информира за МИА Ацо Колевски претседател на Советот на јавни обвинители.

Според објавите во медиумите, дописот го испратиле вчера попладне, а од Советот вчера информираа дека до крајот на работниот ден не е пристигнат допис. Колевски кажа дека доколку пристигне тие веднаш ќе го разгледаат и ќе одлучат како ќе постапат.

Разрешување на Јанева вчера едногласно препорача собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата поради несовесно, нестручно и незаконито раководење со институцијата.

Јанева поднесе условна оставка на 15 јули, на денот кога беше уапсен Бојан Јовановски за случајот „Рекет“, а која требаше да биде активирана кога ќе се избере нов специјален обвинител.

Би можело да ве интересира

Советот на јавни обвинители e против разрешувањето на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

Тајна седница на Советот на јавни обвинители

Горан Наумовски

Наташа Крстевска Цалева побарала да не биде шефица на Вишото јавно обвинителство

Катерина Ѓуровски

Објавен оглас за избор на 47 јавни обвинители

А1он

Левица: Новата власт започна со партизација на правосудството со цел прикривање на криминалите

Горан Наумовски

Антикорупциска повторно реагира за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите