Најмалку 66 цивили биле киднапирани во јули во југоисточниот дел на Нигер во близина на границата со Нигерија каде е активна џихадистичката група Боко харам, соопштија извори на ОН.
Според истите извори, од 66-те лица, 44 жени биле киднапирани само во јули.
ОН на почетокот на август соопштија дека 179 лица се киднапирани од јануари и оти киднаперите се вооружени групи активни во Нигер, меѓу кои е и Боко харам.
Локалните власти изразија уверување дека киднаперите се претежно припадници на Боко харам затоа што групата вообичаено бара пари поради тоа што е финансиски ослабена откако беа воведени построги безбедносни мерки со цел искоренување на џихадистите.
Властите додадоа дека многу цивили биле киднапирани и од локални банди кои немаат врска со Боко харам, но ги имитираат активностите на групата.
Некои лица биле ослободени откако бил исплатен откуп од околу 1.500 евра по човек.