Во Штип два случаја на семејно насилство

Од:

Секторот за внатрешни работи-Штип регистрираше два случаја на насилство врз жени. Во првиот случај, рано утринава во шест часот во Полициската станица во Штип 46 годишна жена пријавила дека околу четири часот во семејниот дом била физички напдната од нејзиниот сопруг С.Т.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова во соопштението до медиумите вели дека се работи на расчистување на случајот, по што за сторителот ќе биде поднесена сооддветна пријава.

-Во текот на вчерашниот ден во 19:00 часот во Полициската станица Штип, 22 годишна жена од Штип пријавила дека истиот ден околу 16:30 часот во нејзината куќа во Штип била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг 27 годишниот С.Д. од Штип, посочи Панајотова.

Таа додаде дека се работи и на расчистување и на овој случај.

Би можело да ве интересира

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Притвор за тетовец кој ги тепал сопругата и ќерката и се заканувал дека ќе ги запали

A1on

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници