Кулев: Владата ќе субвенционира два денари по килограм грозје

Од:

Владата ќе субвенционира два денара по килограм грозје, рече Трајче Кулев, претседател на Здружението „Напредни лозари” на денешната прес-конференција во Кавадарци.

– Овие мерки не се доволни за обештетување на лозарите, но во услови на немање разбирање од винариите да ги покачат цените за оваа година, тоа е максималната помош од Владата. Ние сме неполитичко и непрофитно здружение, нагласи Кулев, заблагодарувајќи се на поддршката на градоначалниците и пратениците од регионот.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев изрази задоволство од соработката и дополнителната мерка која е значајна за опстанокот на лозарството. Тој се осврна и на натамошните активности на овој план и за соработката со винарските визби за подобро лозаро-винарство. Потсети на исплатените долгови за грозје предадено во претходните години. Рече дека годинава голем дел од винариите исплаќаат само неколку дена по откупот.

Одлуката за субвенција ја поздрави и пратеникот Панчо Минов.

Од пресот беше упатена и покана за присуство на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ што ќе се одржи во петок, сабота и недела.

Би можело да ве интересира

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски

Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени

Аплицирајте за директни плаќања за производството на домашен лозов и овошен саден материјал