Авганистанската Влада загрижена за нацрт-договорот меѓу САД и талибанците

Од:

Авганистанската Влада денеска изрази загриженост за планот за договор меѓу САД и талибанците и побара појаснување за опасностите што ги носи.

Американски специјален претставник оваа недела беше во Кабул за да разговара со авганистанските власти за начелниот договор со талибанците.

Тој треба да овозможи значително повлекување на американските трупи од Авганистан, во замена за гаранции од страна на талибанците дека ќе ги спречи екстремистичките групи, како што е Ал-Каеда, кои се кријат во земјата.

Голем број Авганистанци стравуваат дека Вашингтон ги жртвува нивните интереси во замена за повлекување, со што ќе заврши 18-годишната војна. Се стравува дека талибанците ќе ја ограничат граѓанската слобода и дека ќе одбијат да ја делат власта со сегашната Влада.

Кабул е „загрижен и бара објаснување за тој документ со цел прецизно да се анализира опасноста и последиците и да се избегне секоја опасност што може да ја предизвика, напиша на Твитер Садик Садики, портпарол на авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Тоа е прва официјална реакција на Кабул во врска со планот што во понеделникот го најави американскиот преговарач Залмај Калилзад.

Би можело да ве интересира

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Горан Наумовски