Десет години од бродската несреќа на Охридското Езеро

Од:

Точно десет години се навршуваат од бродската несреќа што се случи на Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.

На поменот пред паметникот на Кејот на езерото поставен во знак на сеќавање на настраданите најавено е присуство на делегации на Општина Охрид, на бугарските дипломатски и културни претставништва во земјата, на Капетанијата на пристаништа, на Здружението на граѓани „5 септември“ и на граѓани.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден“ што со 57 патници сообраќаше на релација од Охрид за Свети Наум. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.

Осум од жртвите беа жители на Општина Антон, четворица од Општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.

Би можело да ве интересира

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски