ВИДЕО: Пуштено во употреба ОУ „Киро Глигоров“ во Капиштец

Од:

Новоизграденото општинско основно училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец во Општина Центар денеска и официјално е пуштено во употреба, со свеченост и пригодна програма во присуство на премиерот Зоран Заев, министри во Владата и општинското раководство.

– Овој пример на Општина Центар треба да се следи и од другите локални самоуправи. И вака ќе бидеме и како централна власт, но и како локална власт во иста насока за постигнување на заедничката цел, а тоа е квалитетен национален образовен систем, поквалитетно образование, подобри образовни инфракструктурни услови за сите и постигнување на што повеќе поголеми и попозитивни резултати, рече на свеченоста министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Училиштето почна да се гради во 2016 година, а изведбата на проектот е во вредност од 5,5 милиони евра. Изградено е на површина од 12.100 квадратни метри, со дворна површина од 4.100 квадратни метри. Има 21 училница, со акустика на простор, седум специјализирани кабинети за предметна настава,спортска сала и гимнастичка сала, ботаничка градина, трпезарија со кујна, наставнички кабинет и канцеларии за персонал, како и инклузивна просторија – Дневен центар за деца со церебрална парализа.

Името на училиштето Киро Глигоров според првиот претседател на држвава е избор на граѓаните преку анкета, по што согласност даде и Советот на општината.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски