Рангелова до Стоилковски: Да престане говорот на омраза насочен кон жените

Од:

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова напиша дека најостро го осудува секој секстички напад на жена, без разлика на која политичка партија припаѓа.

Нејзината реакција доаѓа по фејсбук статусот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во кој тој новата министерка за финансии, Нина Ангеловска ја нарече „Џирло Девојка- презентерка за владините Светлечки Јојоа и Стомак елиминатори“.

„Најостро го осудувам било кој сексистички напад на секоја жена без разлика на било која политичка партија е членка или функционерка!

А воедно ќе продолжам да бидам остра критичарка за работењето на оваа Влада и нејзините функционери!

Но, да го задржиме нивото на однесување и да престане говорот на омраза насочен кон жените!“, напиша Рангелова.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО