Федерер: Григор е мој пријател, сакам да играм против него

Од:

Роџер Федерер ги сподели очекувањата за претстојното четвртфинале против Григор Димитров на „Ју Ес Опен“.

– Тој беше првиот со кој тренирав кога се симнав од авионот. Го познавам Григор многу добро. Тој е мој добар пријател. Поминав една недела со него овде. Мило ми е што работите одат добро за него, изјави Швајцарецот пред судирот со Григор. вечерва.

Досега двајцата играа седум пати, а седум завршија со победи за Федерер.

– Пред неколку години, тој го освои Мастерсот во Синсинати, исто така, и последниот Мастерс во Лондон, но тогаш дојде до голем пад. За него ова четвртфинале е голем успех и одлична можност. Да, досега секогаш победувам на натпреварите против него, но ова е нов натпревар, нов Григор и нов јас. Ми се допаѓа неговата игра, сакам да играм против него, рече Федерер.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата