Со ознака „доверливо“ извештајот за Катица Јанева нема да го види јавноста

Од:

Јавноста ќе нема можност да го види извештајот што Советот на јавните обвинители го достави до Собранието со кој го известува парламентот дека почнала постапка за да биде разрешена специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

„А1он“ дознава дека извештајот бил означен како доверлив и на собраниската Комисија за избори и именувања, ќе биде разгледуван без присуство на јавноста. Претседателот Талат Џафери попладнево го достави извештајот до ресорната комисија.

Ако извештајот е класифициран, неизвесно е дали сите членови на Комисијата за избори и именувања имаат безбедносен сертификат за да може да го разгледаат извештајот за Јанева.

Тогаш кога Комисијата за избори и именувања ќе го разгледа извештајот, на Собранието треба да му предложи разрешување на Јанева по што треба да се закаже пленарна собраниска седница.

Ако овој предлог го прифати Собранието, Советот на јавните обвинители ќе треба само да ја потврди таа одлука.

Според членот 8 од Законот за специјалното јавно обвинителство, извештајот ќе ѝ биде достапен на јавноста преку комисиите во Собранието, освен доколку некоја од комисиите не го одложи или спречи објавувањето на некој дел и на целиот извештај, доколку увиди дека е потребно да се заштитат правата на секое лице наведено во извештајот или да спречи недозволено влијание во кое било кривично гонење.

Јанева е осомничена во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластувањата бидејќи му овозможила на бизнисменот Орце Камчев да излезе од притвор и да добие привремен пасош, и тоа за имотна корист. Јанева е во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов