(ВИДЕО) Ахмети: Изаири е вистинскиот човек за Желино

Од:

„Пред да започне мојот мандат како градоначалник, во о. Желино немаше доволно патишта, лошо беше уличното осветлување и не беше платено за него. Денес гледате што се е направено“, изјави кандидат за градоначалник на о. Желино од ДУИ Фатмир Изаири на денешниот централен собир во Желино.

„Нашиот слоган е заедно градиме. Сето ова го изградивме заедно со жителите на општина Желино. Сега имаме реализирани проекти за водоводи, канализациона мрежа, изградивме патишта, а и оние проекти што се започнати ќе ги реализираме до крај. Се погриживме да обезбедиме здрава животна средина за жителите на општината, правото кое никој неможе да ви го одземе“, рече Изаири.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека со кандидатурата и мандатот на Изаири во изминативе четири години општина Желино се менаџирала како што треба, а градоначалникот им возвратил на граѓаните со добрина.

„Пред четири години на ова место јас ви реков дека на о. Желино и е потребен доктор за општината да заздрави и да функционира како што треба, затоа што градоначалникот и советниците се сервис на граѓаните. И не згрешивме. Со кандидатурата и мандатот на доктор Фатмир Изаири општина Желино се менаџираше како што треба. Градоначалникот им возврати на граѓаните со добрина. Ве уверувам дека Фатмир Изаири ќе ја има поддршката од сите државни институции. Ние сакаме општина Желино да има добра инфраструктура и веруваме дека ќе се реализираат сите започнати проекти во сите населени места од општината“, порача Ахмети.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар