(ВИДЕО) Унчевски: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се заглавени во минатото, СДСМ работи за граѓаните

Од:

„Истражувањата на јавното мислење се јасни: СДСМ е водечка политичка опција која ќе победи на изборите кога и тие да се одржат.

Јавноста, граѓаните, ги препознаваат испорачаните резултати, на граѓаните им е важна економијата стабилноста, борбата против криминалот и иднината во ЕУ и НАТО.

Затоа, како одговорна партија работиме токму на овие теми од суштинска важност за граѓаните и државата“, рече Саше Унчевски од СДММ.

„Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во темното минато на режимот.

Во скапоцениот дворец, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, брани криминал, не сака да добиеме датум за почеток на преговори и свесно ги кочат реформите.

Во опозициската партија немаат платформа, немаат програма што е во интерес на граѓаните и државата.

Наместо решенија за граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ се посветени единствено на лажните вести и деструктивното однесување.

ВМРО-ДПМНЕ има шанса да покаже дека навистина се за правда и правна држава и тоа конкретно со дела.

Во интерес на правдата и граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да допринесат Законот за Јавно обвинителство што е значаен чекор за зајакнување на правната држава да се донесе.

Во спротивно, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски уште еднаш ќе потврдат дека не сакаат правна држава, дека се против владеење на правото и единствена цел им е да ги заштитат тајкуните и криминалците.

Како одговорна партија, остануваме со граѓаните за да работиме во нивен интерес. Продолжуваме со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст, реформи во институциите, градење неселективен правен систем и целосна интеграција на државата во ЕУ и НАТО“, изјави Саше Унчевски од СДММ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема