Кандидатката за градоначaлник на скопската општина Kарпош од ВМРО-ДПМНЕ, Јагнула Куновска, денеска ги обвини своите противкандидати Стевчо Јакимовски и Андреј Петров за плагијаторство на нејзината изборна порграма, која како што тврди ја промовирала пред два месецa.
– Такви работи кои што можеше да ги реализира до сега, бидејќи заокружено околу 10 години е кандидат, направи плагијат од мојата програма и истакна неколку капитални проекти кои што јас ги имам промовирано пред два месецa. Другиот кандидат Андреј Петров сè уште нема своја програма, туку по улиците кога се движи меѓу народот, усно проповеда исто така крадејќи од мојата веќе одамна промовирана програма – рече Куновска.
Таа ги обвини своите противкандидати дека препишувале од неа и дека веќе еднаш биле градоначалници на општината, но не направиле ништо. Куновска се надева дека граѓаните ќе го препознаат нејзиниот квалитет, бидејќи веќе добро ги познавале способностите на Јакимовски и Петров.