Елизабета Наумовска – заменик-министер за образование

Од:

Елизабета Наумовска е нов заменик-министер за образование, која доаѓа на местото на Петар Атанасов. Наумовска е родена на 4 декември 1967 година и живее во Битола. Студирала на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде се стекнала со звање дипломиран професор по физика. Таа е и магистер по менаџмент со човечки ресурси, академско звање што го стекнала на Факултетот за менаџмент со човечки ресурси при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Има 24 години работен стаж во образованието. Од декември 2017 година е директор на Средното општинско училиште „Таки Даскало“ – Битола. Учестувувала на повеќе семинари и работилници од областа на управување со училиштата, самостојно организирала и реализирала внатрешни и надворешни семинари и работилници за наставници и ученици од областа на стратегиите и техниките за настава, била дел од обуката за примена на компјутери во наставата по физика. Остварила неколку студиски посети на училишта во Турција, Финска и Португалија од проектите „Ерзамус +“. Во рамки на напредните обуки за директори на училишта, била во студиска посета на Институтот Хајделберг. Учествувала на повеќе форуми за обрзование во нашата држава и активно била вклучена во проектите на МОН…

Наумовска е меѓу авторите на Учебникот по физика за средно стручно образование, во издание на „Просветно дело“, Скопје, 2005 година, а автор е на повеќе статии и трудови.

Во моментов е член на Здружението на физичари и на претседателството на Астрономското друштво – Битола. Претходно била член на работни групи во Бирото за развој на образованието за изработка на наставни планови за наставниот предмет физика за неколку образовни профили во рамки на BET1, член на работните групи во БРО за подготовка на наставни планови во физика за средно обрзаование, членувала во неколку невладини организации… Зборува англиски, бугарски, хрватски и српски јазик.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп