Москва – град со најмногу милијардери

Од:

Москва е град со најголем број лица, чие богатство е поголемо од милијарда долари, а во таа смисла ги надминува и најголемиот американски град Њујорк и Хонгконг, кој има статус на еден од водечките финансиски центри во Азија.

Во Москва во моментов живеат 76 милијардери пресметано во долари или големо мнозинство од руските граѓани, кои припаѓаа на категоријата супер богаташи или олигарси, пишува во најновото издание рускиот неделник „Завтра“, повикувајќи се на истражувањето на кинеската организација Хурун рисрч институт (ХРИ).

Анализата на ХРИ покажува дека во Њујорк, најголемиот светски финансиски центар, во моментов има 70 лица со богатство поголемо од милијарда долари, додека во Хонгконг нивниот број изнесува 56.

По бројот на доларските милијардери кинескиот главен град Пекинг е на четврто место (41), а Лондон е петти со 30 милијардери, пишува „Завтра“, додавајќи дека САД како држава и натаму, според бројноста на супер-богаташи убедливо се први во светот, бидејќи таквиот статус во најголемата светска економија имаат 409 лица.

Кина на таа ранг листа е втора, бидејќи во изминатите три децении, од кога таа земја во значителна мера ја зголеми пазарната економија, доби 317 доларски милијардери.

Статусот на најбогат човек на светот му припаѓа на мексиканскиот милијардер Карлос Слим (72), чие богатство е проценето на 66 милијарди долари, додека на второ место е познатиот американски инвеститор Ворен Бафет, со имот вреден 58 милијарди долари.

Слим своето богатство го стекнал претежно занимавајќи се со телекомуникациски бизнис, а Бафет инвестирајќи во различни инфраструктурни проекти, сообраќај, но и со работење на големите финансиски берзи.

Според ранг листата на ХРИ најбогат руски олигарх е Алишер Усманов, со имот вреден 19 милијарди долари, што беше доволно за да го заземе 33. место меѓу најмоќните луѓе во светот.

Би можело да ве интересира

Русите го затворија Каспиското Море за НАТО

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

Приносот на жито во Русија годинава достигна 130 милиони тони

Руте: Русија ќе се обиде да го уништи украинскиот електроенергетски систем

Горан Наумовски

Захарова: Русија е секогаш подготвена за дијалог, а Финска треба да го напушти својот русофобичен курс

Во руските напади врз Украина во изминатите 24 часа беа повредени 15 лица