Заев: Ниту снаата на Цветанка останала во фирмата ниту фирмата добила грант

Од:

Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница вечерва одговори на обвинувањата дека Нина Ангеловска е вплеткана во скандалот со фирмата на снаата на Цветанка Ласкова, Христина Керкез, во врска со спорен грант од Фондот за иновации и технолшки развој.

„Оваа компанија, во однос на апликацијата, во која како сопственичка структура фигурирала Нина Ангеловска никогаш не добила грант. Никогаш не добила. Таму од постапката се повлекува снаата на Цветанка Ласкова, поради законот се повлекува, но сепак грантот не е доделен“, образложи премиерот.

Пред извесно време кружеа информации дека ИТ-фирмата „Декодикс“ на снаата на Цветанка Ласкова – советничка на премиерот, од Фондот за иновации и технолошки развој добила 20 милиони денари или околу 330.000 евра за проект наречен „Декодирај – ме“.

По скандалот со случајот со Христина Керкез, потоа се дозна дека како прв основач на фирмата е заведена Нина Ангеловска, која сега е предложена за министерка за финансии.

Сепак, премиерот тврди дека грант за компанијата не бил доделен.

„Грант не е доделен, потврдувам, но и да е доделен, зарем тие иноватори за технолошки развој, кои создаваат проекти и државата треба да ги поддржува, треба да ни бидат надвор од видикот нам политичарите, мандаторите, при регрутација на кадри“, запраша Заев.

Би можело да ве интересира

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи