Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека при евентуален обид од страна на пратениците да го блокираат спроведувањето на Брегзит на 31 октомври ќе предизвика „трајни штети“ врз политичката доверба во земјата.
– Ако го спречиме излезот на Велика Британија од ЕУ на 31 октомври, ако тоа го направат пратениците, ќе бидат предизвикани трајни штети врз довербата на луѓето кон политиката, истакна Џонсон.