Куноска ветува економски подем на oпштина Карпош

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија за општина Карпош Јагнула Куновска вели дека нејзината изборна програма со 117 проекти од кои 50 капитални е производ на потребите и проблемите со кои се соочуваат жителите на општината.

– Целта на оваа наша заедничка програма со граѓаните е да имаме економски подем во општината и да се отворат нови работни места, што е предвидено со капиталните објекти што треба да се изградат во општината, рече денеска на прес-конференција Куновска.

На барање на граѓаните, информира, меѓу другото се планира изградба  на економска зона, поголеми и помали пазари, реконструкција, верски објекти, нов драмски театар, дом за стари лица, повеќе пензионерски клубови, детска градинка, спортски центри. Куновска тврди дека за проектите што ги ветува се обезбедени финанси и оти ќе се запазат роковите за  реализација. Поголемиот дел, ветува, ќе бидат завршени следната година, а проектите што се пообемни и од поголемо значење  во 2016 година.

Посочувајќи дека за разлика од  другите кандидати за градоначалници  на Карпош, нејзината програма била промовирана пред два месеци, ги  обвини  Стевчо Јакимовски и Андреј Петров за плагијат на нејзини проекти од програмата.

– Мислам дека граѓаните на Карпош ги познаваат и двајцата, но нивната волја е слободна и секој може да се определи при изборот на градоначалник во општината, рече Куновска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски