Британските обложувалници и букмејкери и се лути на војводката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон, затоа што невнимателно откри дека нејзиното неродено бебе е девојче.
Мидлтон (31) примајќи од една своја обожувателка мало кадифено мече, се заблагодари велејќи: „Ќе и го дадам на мојата ќ….“, по што веднаш се корегираше, продолжувајќи ја мислата… „на моето бебе“.
Кога репортерите го слушнаа тоа, ја прашаа збунетата војводка дали сакала да каже „ќерка“, но таа одговори дека заедно со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам „не го знаат полот на бебето, а нема ниту да кажат“.
Претставник на синџирот обложувалници „Ладбрукис“ изрази незадоволство од постапката на идната британска кралица, затоа што практично ја откри најсилната работа околу која најчесто и најмногу се обложуваат Британците: полот на бебето на Кетрин и Вилијам.
Обложувањата околу полот на бебето, кое треба да биде идниот британски суверен, по откривањето на тајната драстично се намалија.
Оближувалниците сега се свртени кон датумот на раѓањето. Најчесто се споменува, и за него има најмногу облози, 17 јули, што инаку е роденден на војводката од Корнвол, сопруга на престолонаследникот Чарлс, дедото на детето на Кетрин и Вилијам.
Во британските обложувалници можете и да се обложите и на името на бебето. Меѓу женските имиња, најмногу облози има за Елизабета, Викторија и Дајана.
Доколку навистина првото дете на младата кралска брачна двојка е девојче, според новите прописи што треба да бидат и формално усвоени, детето ќе биде можна британска кралица.
За него нема повеќе да важат досегашните прописи според кои, машките деца беа фаворизирани во однос на девојчињата за наследството на тронот.