Паркот „Езерце” во Пехчево синоќа повторно бил мета на вандали. Рано утрово е пријавен случај на кршење на урбаната опрема. Уништени се неколку клупи на летниковците, искршен е дел од дрвената ограда, а откорнати се и држачите на околните маси.
– Очигледно е дека лицата кои го направиле ова имаат ниска свест за зачувување на она што е направено за потребите на сите нас. Како грижлива општина, се трудиме настаната штета веднаш да ја поправиме, но состојбата, особено летово, се повторува и тоа ги чини граѓаните дополнителни средства, велат од општината.
Полицијата го потврди синоќешниот вандалски чин и најави санкции за сторителите по нивното откривање.