Кипар ја повика Турција да покаже волја за надминување на кипарскиот проблем, соопшти весникот „Филелефтерос“.
Владиниот портпарол Христос Стилианидис изјави дека кабинетот во Никозија очекува од Турција да ја преземе одговорноста како земја гарант за надминување на кипарскиот проблем, што, како што се изрази, „ги малтретира и двете заедници на островот”.
Решавањето на кипарскиот проблем ќе даде поттик на европскиот пат на Турција, рече Стилианидис и додаде дека тоа не е изнудување од страна на ЕУ или Кипар, туку услов кон една земја која продолжува да окупира територија на држава членка на Европската унија, кон која таа сака да се приклучи.