Изложба „Форми во црно” од Јанкуловски во НУЦК „ Марко Цепенков“ во Прилеп

Од:

Во ликовната галерија на НУЦК „ Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде отворена изложбата „Форми во црно” на авторот Мице Јанкуловски во рамките на која ќе бидат изложени 50 слики, акрил на платно од неговата најнова продукција „-Форма 3“.

За „-Форма 3“ Јанкуловски ја доби наградата за животно остварување „Лоренцо ИлМагнифико“ на Биеналето Фиренца 2019, Италија, наградата „Уметник на светот“ на Биеналето Ларнака 2018, Кипар и „Гран при“ на Меѓународното биенале за графика Варна 2017, Бугарија.

Јанкуловски годинава одбележува 50 години уметничко творештво и докрајот на годината ќе има и самостојни изложби во Торино, Италија, Санкт Петербург, Русија и Солун, Грција.

Јанкуловски е роден 1954 година во Сливово, Охрид. Живее и работи во Скопје. Неговата изложба во Прилеп ќе биде отворена за јавноста до 5 септември.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска