Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер ја доби наградата најдобар голман на наградите „The Best“ на УЕФА.
Наградата му беше доделена за време на ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите.
– Мој сон од дете беше да ја освојам Лигата на шампионите. Мислам дека ова е најголемата награда за секој фудбалер. Кога сте од Бразил, сакате да играте во Европа и да освојувате. Досега работите се одвиваат добро, но оваа награда е исто така благодарение на моите соиграчи, прокоментира Алисон при добивањето на наградата.