ВИДЕО: Падна одлука за постапка за разрешување на Катица Јанева

Од:

Советот на јавните обвинители на денешната седница едногласно донесе одлука да отпочне постапка за разрешување на шефицата на СЈО, во оставка Катица Јанева, изјави претседателот на ова тело, Коле Штерјев.

Тој посочи дека денеска или најдоцна утре извештајот за Јанева ќе биде испратен до Собранието.

„Советот едногласно одлучи да започне постапка за разрешување на Катица Јанева“, рече Штерјев.

Извештајот за постапката за разрешување на Јанева ќе содржи делови од исказите на пријавувачот и сведоците кои тие ги дале пред Обвинителството.

Штерјев рече дека се лимитирани поради истражната постапка да изнесуваат опширни информации во извештајот, но документот до законодавниот дом ќе содржи доволно податоци за пратениците во Собранието да ја имаат на увид фактичката состојба.

Би можело да ве интересира

Бесими: Овде нема расправа, усвоен е отказот на Ленче Ристоска

Советот на јавните обвинители ја одби претставката на Ристоска за политички влијанија

Бесими: Советот на обвинителите е колективно тело и одлуката е колективна

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Не е во ред министерот за правда да го прозива по има обвинителот, вели претседателот на Советот на јавни обвинители