Пожарот кај Радовиш се шири кон Струмичко

Од:

Пожарот на планината Готен, меѓу селата Покрајчево и Злеово во општина Радовиш, се уште гори и се шири кон општина Василево, информира градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Од вчера се ангажирани и хеликоптери на Аармијата во гаснењето на пожарот, а од денеска градоначалникот Конзулов бара да се вклучат и војници, покрај екипите на Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Национални шуми“ од подружниците во Радовиш, Струмица, Штип и Кочани, како и пожарникари од ТППЕ Радовиш.

– Мора да се вклучат и војници, бидејќи овој пожар почна да се шири кон територијата на Струмичкиот регион, односно кон општина Василево. Пожарот е голем, а ситуацијата е многу сложена поради непристапниот терен, рече градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Додаде дека имаат сознанија оти пожарот постојано се потпалува од страна на неодговорни граѓани.

Досега во пожарот, кој гори десетина денови, изгореа околу 200 хектари нискостеблеста шума.

Би можело да ве интересира

Таткото го поли синот со бензин и го запали – мајката го спаси

А1он

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени

Изгореа четирицикли на плац во близина на Попова Шапка

Горан Наумовски

Трагедија во Русија: Пожар „проголтa“ цела зграда, има мртви и повредени

(ВИДЕО) Белград: Пожар на покривот на Имо Центар

(ВИДЕО) Тројца загинати во пожар во близина на Милано

А1он