Од денеска во Битола се наплаќа на затворените градски паркиралишта

Од:

Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Oпштина Битола, од денеска почнува со наплата на паркинг услугите на четирите затворени паркинг простори во градот.

Станува збор за локациите Јавор, Стара автобуска, Центар за култура и Спортска сала кои како што посочуваат од градски паркинзи, комплетно се опремени, а во функција се и терминалите и рампите.

-Во тек е тестирање на зонското паркирање и во оној момент кога ќе се потврдат тестовите за наплата преку мобилен оператор, веднаш ќе биде воспоставен систем на наплата на зонското паркирање. Наплата на услугите ќе се врши со нов ценовник во кој е извршено намалување на цената на паркинг сесијата. На трите затворени паркиралишта Јавор, Стара автобуска и Центар за култура цената на услугата изнесува 30 денари за два часа, а за секој нареден час се доплаќаат 25 денари, додека цената на услугата на паркингот кај спортска сала „Боро Чурлевски“ изнесува 30 денари зацел ден. Наплатата на услугите ќе се врши од 7 до 21 часот од понеделник до сабота, истакна Зоран Дојчиновски, директор на битолски паркинзи.

Од тамошното јавно претпријатие чиј основач е Општина Битола нагласуваат дека со почнувањато со работа на јавното претпријатие почнува процесот на решавање на сообраќајниот режим на паркирањето во овој град.

Би можело да ве интересира

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ