Неколку поврдени лица, оштетени автобуси и друг имот, се последиците од серијата инциденти што се случија во Скопје во изминатото деноноќие, соопшти МВР.
Пет-шест непознати лица вчера во 9,20 часот во кругот на АСУЦ „Боро Петрушевски“, по завршување на големиот одмор, го пресретнале ученикот Н.П.(17) од село Миладиновци и физички го нападнале, нанесувајќи му повреди.
Синоќа околу 19,10 часот во Скопје на бул. „Крсте Мисирков“, во автобус на ЈСП бр.9, шест до седум непознати лица ги нападнале Е.А.(16) и неговата другарка К.А.(17), удирајќи ги со тупаници по телата.
На ул. „Цветан Димов“ во Скопје на автобуската постојка кај „Јаја Паша“ синоќа околу 19,30 часот, А.Р.(17) откако се симнал од автобус на ЈСП бр.9, бил пресретнат од четири-пет непознати лица, кои физички го нападнале, нанесувајќи му повреди.
Автобуси на ЈСП, пак, синоќа биле каменувани на ул. „Првомајска“ во населбата Пинтија, и зад Поликлиника „Бит Пазар“. Нема повредени, но е причинета матријална шетата на автобусите.
Десет до петнаесет лица во саботата во близина на надвозникот кај Бит Пазар, сопреле автобус на ЈСП, по што влегле внатре и физички го нападнале В.Г.(21) од село Марино, нанесувајќи му видливи повреди.
Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на инцидентитет и за пронаоѓање на сторитетлите.