Еден загинат во судир на автомобил и камион на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови

Од:

Едно лице го загуби животот од повредите задобиени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови во близина на Скудрински мост. Сообраќајот беше во прекин во двата правци од 17 часот.

Како што информира АМСМ, од 18 часот сообраќајот на патниот правец Скудрински Мост-Дебар се одвива по една лента наизменично.

Според првичните информации на СВР Тетово, во сообраќајната несреќа која се случила попладнево учествувале товарно возило со приколка со дебарски ознаки и автомобил „хјундаи“ со скопски регистерски ознаки. На самото место починал еден од сопатниците, а уште две лица се повредени и пренесени во гостиварската болница.

Наскоро се очекува да започне и увид од страна на јавен обвинител и увидната екипка на СВР Тетово. Во меѓувреме, заради несреќата, сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови е во прекин и најверојатно ќе биде пуштен повторно по завршување на увидот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва