Гувернерите на девет бразилски држави, кои се најпогодени од пожарите, го повикаа претседателот Жаир Болсонаро да ја прифати меѓународната помош за гаснење на пожарите.
Тие го изнесоа ставот на состанокот со Болсонаро, кој претходно изјави дека нема да ја прифати помошта, односно ќе ја прифати само доколку Бразил контролира на што таа ќе биде потрошена, пренесува Би-Би-Си.
Гувернерот Флавио Дино рече дека тој и неговите колеги му рекле на Болсонаро дека не е време да ги одбијат парите.
Пожарите во Бразил избувнаа на 10 август, а најголемиот број од нив се во регионот Амазон.