Топлотниот бран ги олесни правилата на ЕУ за земјоделците

Од:

Земјите членки на ЕУ денеска ги одобрија вонредните мерки за земјоделците, предложени од Европската Комисија, како одговор на невообичаените горештини и сушата кои ја зафатија Европа ова лето.

Европската Комисија пред еден месец предложи низа финансиски мерки и можност земјоделците да бидат изземени од одредени правила од Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на ЕУ за да се справат со последиците од топлотниот бран. Земјите членки на ЕУ денеска ги одобрија мерките.

Овие мерки предвидуваат, меѓу другото, земјоделците да добијат поголем процент од приходите кои им следуваат согласно ЗЗП. Изземање од правилата поврзани за таканареченото позеленување ќе бидат дозволени за да се подобри пристапот до прехранбени производи за животните.

Политиката на позеленување има за цел да ги натера земјоделците да го обработуваат земјиштето на одржлив начин, за таа цел ЕУ предвидува „директни зелени исплати“ познати како „позеленување“ во европскиот жаргон, за земјоделците кои придонесуваат кон исполнување на европските климатски цели.

Европскиот комесар за земјоделство, Фил Хоган, денеска ја поздрави одлуката на земјите членки на ЕУ да ги одобрат предлозите на европската извршна власт.

– Од почетокот на екстремните климатски феномени, од блиску ја следиме ситуацијата и подготвени сме да ги поддржиме нашите земјоделци. Комисијата беше во постојан контакт со сите земји членки и реагиравме брзо кога тоа беше потребно. Овие мерки треба да им помогнат финансиски на европските земјоделци и да избегнат недостаток на храна за стоката, изјави Хоган.

Мерките би требало да им бидат достапни на земјоделците кон крајот на септември.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци