Македонски државјанин со нож ја убил сопругата во Швајцарија

Од:

Македонски државјанин во понеделникот со нож ја усмртил неговата сопруга, исто така македонска државјанка.

Според порталот на албански јазик во Швајцарија, Албинфо, на кој се повикуваат албанските медиуми, телото на несреќната жена било пронајдено истиот ден доцна попладне во станот во Цирих во кој живеела со децата, додека вечерта убиецот бил приведен во кантонот Ст. Гален.

Осомничениот за убиството Илир Б.(37) бил познат по насилното однесување и закани кон сопругата Луиза (34).

– Поради тоа во февруари 2018 година бил уапсен и му бил забранет контакт и приближување до станот на жената и децата. Во април годинава повторно почнал да ја вознемирува по што полицијата му забранила било каков престој во поширокиот регион. До крајот на јули кога завршила забраната тој строго го почитувал тоа, пренесува Албинфо.

Во меѓувреме се вселил во стан во близина на зградата каде живеела Луиза со децата, кои поради „примерното“ однесување му дозволува да ги види.

Во неделата ја посетил сопругата во станот а поради чудното однесување роднини кои биле кај неа ја изветиле полицијата. Истиот ден во полицијата имало уште две јавувања против него, но и покрај напорите полицијата не успеала да го пронајде.

Околностите и мотивите за убиството се уште не се познати.

Би можело да ве интересира

Фатен бегалец од штипскиот затвор осуден за убиство

Петмина повредени во сообраќајката кај штипската населба Три чешми

Го тепал брат му со дрвена ногарка, го оставил да крвари и си легнал да спие

Еден загинат и тешко повредено 18-годишно момче во директен судир на две возила на експресниот пат Штип – Велес

Загина 26-годишник од Форино, со автомобилот излетал од пат

Катерина Ѓуровски

Кавадарчанец ги злоставувал 16-годишните ќерки