Време е Хрватска после влегувањето во Европската унија на 1 јули, наместо „мала држава“ да стане „мала сила“ која ќе знае да ги артикулира своите интереси и цели, изјави во Сплит хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.
Претседателот е уверен дека во новата фаза од надворешната политика на државата и се отвораат нови можности.
– Како европска држава имаме и нови средства, и одиме кон тоа Хрватска да престане да биде мала држава, и станува мала сила, потенцира Јосиповиќ за време на предавање Надворешната политика на Хрватска.
Според него, надворешната политика на Хрватска од 1990 година имала карактеристики на „мала држава“, а главна цел на такви држави е да водат „политика на молчење“ за да не стекнат непријатели.