Двајца браќа под истрага за недозволена трговија со наркотични дроги

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, осомничени дека сториле по едно кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 26 август годинава, во домот во кој живееле заедно, кај првиот осомничен на возраст од 42 години, биле пронајдени 62 полиетиленски пакувања наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 89,02 грама. Кај вториот осомничен, на возраст од 51 година, биле пронајдени 12 пакувања марихуана со вкупна нето маса од 18,47 грама и една дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.

– Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходната постапка достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен, додека за вториот осомничен поради здравствени причини предложи да биде определена мерка куќен притвор, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство Скопје.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа