А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Вилма Русковска ги заштитува функционерите на власта, и од што се плаши Љубомир Јовевски?

by А1он27/08/2019 - 09:40351
Share0

„43 ден откако е притворен Бојан Јовановски и сеуште нема дадено исказ пред Јавното обвинителство како првоосомничен за случајот „Рекет“. Заев и власта се очајни во обидите да го заташкаат целиот случај и да прикриваат вмешаност на останати функционери и обвинители.

Следете a1on на Instagram Instagram

Поголем доказ за паниката на власта од притисокот кој што го вршат секојдневно врз медиумите нема. До скоро за Заев демократијата на едно општество зависеше од слободата на говор и медиумите. Tој велеше дека медиумите треба да работат ослободени од какви било притисоци, и да ги информираат граѓаните без цензура, a сега истото одеднаш не важи кога се обелоденува нешто што на власта не и одговара“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Русковска и Јовевски да сакаа да ја забрзаат истрагата до сега ќе беа повикани сите вмешани во случајот чии имиња се спомнуваа цели четири месеци откако е обелоденет овој скандалозен случај. Напротив, Јовевски ја негираше вмешаноста на политичари во рекетот, но гледаме дека Заев ги предупредил обвинетите.

Со опструирање, со забошотување и развлекување на истрагите, Заев само добива на време.

Следете a1on на Youtube YouTube

До пред три години власта ветуваше владеење на правото и нулта толеранција за корупцијата. Судството не само што не се исчисти туку се затрупа во криминалите на октоподот.

Јавното обвинителство во овој состав не може да понуди професионалност и објективност затоа што оддалеку се гледа нивниот обид да ја амнестираат на секој начин вмешаноста на функционерите на власта во криминалните шеми на октоподот. Картите се на маса и се отворени. до каде се Коки, Кики, Фрики и Шеки да бидат прашани од Русковска за што им служеше меѓународниот сојуз и нивната вмешаност во криминалните шеми?

Зошто Вилма Русковска ги заштитува функционерите на власта, и од што се плаши Љубомир Јовевски?

На граѓаните, но и на евроамбасадорите од меѓународната заедница им е јасно дека целиот случај се претвори во телевизиско шоу, каде оние кои што треба да го гонат криминалот на власта, се ставиле во негова заштита или пак се дел од криминалната банда.

На рекетарската банда ќе и дојде крајот, а тогаш одговорноста ќе биде нужна и рекетарите и сите помагачи ќе одговараат и никој нема да застане на патот на правдата, затоа што само преку обелоденување на вистината и одговорност може да се надеваме на обнова на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео