Францускиот претседател Емануел Макрон ја осуди колективната организација „што не беше доволно ефикасна да ги реши проблемите и да ја заштити интелектуалната сопственост“.
–Колективно ја потврдивме нашата желба да ги промениме овие правила за трговијата за да ги постигнеме нашите цели, мора длабоко да се модернизираме, да се реформираме, така што сите неправедни ситуации на кои понекогаш биле жртви нашите земји, што ги прави нашите работници да не се почитувани, нашата интелектуална сопственост да не е заштитена, мора да се запре, рече Макрон зборувајќи пред американскиот претседател Доналд Трамп.
Околу фамозниот француски дигитален данок најдовме многу добар договор со Соединетите држави, подвлече Емануел Макрон, потенцирајќи ја неопходната улога на засегнатите министри. Договор што е добар и за двете страни. Ова оданочување на дигиталните гиганти (Гафа) е предмет на расправија помеѓу Париз и Вашингтон. Веќе извесно време.
Земјите од Г7 се согласија да „постигнат договор во 2020 година во рамките на ОЕЦД“ во врска со меѓународниот данок на Гафа и денот кога тој ќе биде воведен, Франција „ќе го укине“ сопствениот данок, појасни Францускиот претседател пред печатот.