Пронајдени радиоактивни изотопи по неуспешното тестирање на руска ракета

Од:

Рускиот државен метеоролошки завод денеска објави дека се пронајдени радиоактивни изотопи на стронциум, бариум и лантан во примероците земени по експлодирањето на ракетата на 10 август во северна Русија.

Облакот радиоактивни гасови настана како резултат на распаѓање на изотопите и предизвика краток пораст на радијација забележана во градот Северодвинск по несреќата.

Пронајдени се изотопи на стронциум 91, бариум 139, бариум 140 и лантан 140.

При лансирањето на ракетата загинаа пет лица, а тројца беа повредени. Руските власти тогаш ги советуваа жителите од регионот Архангелск да ги напуштат домовите откако беше измерен раст на радијацијата од четири до 16 пати повеќе од дозволеното во Северодвинск.

Рускиот претседател Владимир Путин тогаш изјави дека било тестирано ново оружје, а американските нуклеарни експерти сметаат дека експлозијата се случила за време на тестирање на нуклеарни крстосувачки ракети.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз